АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последниве неколку часови банкарските картички во најголем дел се вон функција. Официјално нема информација што се случува, а неофицијално во експозитурите на банките и доколку сакате да добиете информација на конакт телефоните на банките, велат дека се работи за технички проблем на кој интензивно се работи за да се санира. Вон функција, според истите информации, се сите видови картички на сите банки.
-Денес бев на состанок во еден ресторан и кога сакавме да платиме со картичка, во сите обиди, со различни видови картички и од различни банки, трнсакциите беа одбиени. Вработените ни рекоа дека веројатно има проблем со интернет врските, вели нашата соговорничка.
Но објаснува дека веднаш потоа сакала да извади пари од банкомат и картичката веднаш и била вратена. Пробала и на друг банкомат и се случило истото. Морала да оди на шалтер во банка да извади пари и таму ја информирале дека се работи за технички проблем во целта земја и дека не е проблем само на таа банка туку дека сите банки го имаат истиот проблем.
И на продажните места велат дека имаат проблем со терминалите кога некој купувач сака да плати со картичка.
-Има проблем. Некоја трансакција по подолго чекање поминува, но најголем дел од трансакциите се одбиени, велат во еден маркет.
Од официјални извори добивме информација дека наскоро со официјално соопштение ќе се оглси Македонската банкарска асоцијација и дека станувало збор за регионален проблем.
(З.П.)
Извор: 24info.mk
Линк: https://24info.mk/