АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во секојдневната контрола на возачите редовно има бројка од 10, 50, 100… лица кои ги управуваат автомобилите со присуство над 0,50 г алкохолалкохол во крвта. Катадневни се ваквите извештаи од Министерството за внатрешни работи за откриени „пијани“ возачи, кои покрај сопствениот живот го загрозуваат и животот на недолжните учесници во сообраќајот.
Неретко во билтените и медиумите може да се сретнат и сообраќајни несреќи предизвикани од „пијани“ возачи во кои има и трагичен епилог. Таков посвеж пример кој е врежан во меморијата на македонските граѓани е со велешанецот Ангелче Николов (30) кој на 17 декември лани, возејќи под дејство на алкохол на пешачки премин ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка по што избегал ! Одзеде живот на младо дете откако свесно седнал зад воланот во автомобил под дејство на алкохол, иако нему претходно веќе му биле изречени две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило токму поради алкохолизираност, кои не ги почитувал. Николов беше осуден на 18 години затвор и забрана за управување моторно возило.
Неретко во билтените и медиумите може да се сретнат и сообраќајни несреќи предизвикани од „пијани“ возачи во кои има и трагичен епилог. Таков посвеж пример кој е врежан во меморијата на македонските граѓани е со велешанецот Ангелче Николов (30) кој на 17 декември лани, возејќи под дејство на алкохол на пешачки премин ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка по што избегал ! Одзеде живот на младо дете откако свесно седнал зад воланот во автомобил под дејство на алкохол, иако нему претходно веќе му биле изречени две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило токму поради алкохолизираност, кои не ги почитувал. Николов беше осуден на 18 години затвор и забрана за управување моторно возило.
Ова е само еден пример што може да стори „пијан“ возач од над 10.000 лица кои со присуство на алкохол во крвта ги открила сообраќајната полиција во изминатата 2022 година. Полицијата успеала да „улови“ лани како во алкохолизирана состојба „крстосуваат“ по македонските патишта 10.772 возачи против кои е пооднесен соодветен прекршок. Според статистиката, бројот на пијани возачи споредено со 2020 година кога се откриени 5.050 лица, е золемен двојно повќе и покрај редовните превентивни акции да им се укаже на учесниците во сообраќајот де не седнуваат зад воланот кога конзумираат алкохол. Се почесто полиција открива и лица кои во екстремно алкохолизирана состојба управуваат со своите автомобили и ги загрозуваат животите на другите учесници во сообраќајот.
Според законската регулатива, лице кое конзумира алкохол не смее да седне зад воланот и да започне да управува возило во сообраќајот. Под дејство на алкохол се смета дека е возачот доколку при анализа на крвта или преку апарат за мерење на алкохол во организмот му се утврди дека има количество од 0,50 г алкохол.
Иако не е ретко сообраќајната полиција да открива возачи со над 2 промили алкохол, фрапантни се информациите за пијани возачи со над 4 промили алкохол во организмот.
Во населбата Илинден лани во октомври е откриен возач кој управувал автомобил со дури 4,14 промили алкохол.
Според законот, под дејство на алкохол како и со 0,09 г алкохол во организмот, возачот не смее да го управува возило доколку е: возач-почетник; возач на моторно возило од категориите: „БЕ“, „Ц1“, „Ц1Е“, „Ц“, „ЦЕ“, „Д1“, „Д1Е“, „Д“ и „ДЕ“; возач на возило со кое се врши јавен превоз; возач на возило на кого управувањето со возило му е основно занимање;нвозач инструктор и кандидатот за возач – за време на оспособување во практичното управување со возило и претседателот и членовите на испитната комисија и возач кој не поседува возачка дозвола.
арична казна од 225 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој има алкохол во крвта од 0,51г до 1,00г, како и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три (3) до шест (6) месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
Парична киазан од 275 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој има алкохол во крвта од 1,01г до 1,50г, како и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест (6) до девет (9) месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
Парична казна од 325 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој има алкохол во крвта од 1,51г до 2,00г, како и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет (9) до дванаесет (12) месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
Парична казна од 375 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој има алкохол во крвта од 2,01г и повеќе, како и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од дванаесет (12) месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
Со најавените промени на Кривичниот законик се предвидува ново кривично дело кое ќе гласи „Безобѕирно управување со моторно возило“, а за истото се предлагаат парични казни или казна затвор до три години.
Во таа категорија ќе се смета и возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50 г/промили во крвта или пак под дејство на дроги и психотропни супстанци, како и возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина кои досега се казнуваа прекршочно.
Извор 24info.mk