2win800x200

Задоволни граѓани со пофалби за М-Таг и Отворен Балкан

Август 20, 2023

Македонски граѓанин кој патувал низ Србија, на Твитер сподели искуство од користењето на М-Тагот и избегнувањето на редиците на патарините.

„Еден совет за оние кои почесто патуваат низ Србија, обавезно имајте М-Таг. Пред Белград за неполна минута поминав минимум 300 возила. Пред Суботица, минимум 100 возила за исто време. Вреди за сите 1200 денари. Да живее Орворен Балкан. Македонија вечна“, пишува во објавата на еден од задоволните граѓани од услугата М-Таг.

Како резултат на иницијативата Отворен Балкан од 1 јули започна да функционира користењето на таговите во Србија и Македонија. за непречено движење и олеснување на патувањето.  Со еден Таг сега може да се поминува во двете земји без запирање на патарините, со што се избегнуваат редиците на патарините и се олеснува патувањето.

Граѓаните на  Србија кои имаат Таг купен во нивната држава можат да го употребуваат на патарините во Македонија, исто така и М-Таг купен во Македонија може да се употребува на патарините во Србија.

Сѐ што треба да се направи за да се активира услугата еден таг за двете држави е да купите М-Таг и да се регистрирате на https://openbalkan-etc.com/mk/tag-registracija.

Ј. Ѓ.

Извор https://frontline.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани