АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Не смееме да заостанеме ни милиметар, зад Србија, Албанија кои движат напред. Времето минува немилосрдно, а генерациите сакаат резултати сега. За младите да не ни заминуваат токму во Европската Унија туку да останат дома. Бидејќи, почитувани граѓани и пратеници, младите не се иселуваат заради Уставот и сегашната или утрешната верзија на двата члена“ рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за уставните измени.
Тој додаде дека младите не стануваат и заспиваат со Уставот, туку со единствената и нормална човечка потреба да живеат дома, нормално, побогато и мирно.
„Сосема ми е јасно дека како што промените се вечни, така и отпорот кон промените е вечен. Разликата е дали ќе биде тој поголем или помал. 30 години имаме политичари, бизнисмени, експерти кои направија професија од националните прашања, од криминалот и корупцијата направија богатства, кои успеваа и успеваат ако шират страв, омраза и поделби во нашето општество. Ги знаеме примерите на многу, кои за да имаат за себе, земаа од народот, го делеа, го плашеа и плашат со катастрофи, распади, мрачни сценарија. Државата опстои, но граѓаните заслужуваат подобро и повеќе“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека во сиот овој процес тој како премиер и Владата се водат од интересите на граѓаните и државата, да се спречат поделби, да превенираат нови штети и да се создаде шанса за да се покажат резултати.
„Во дел сме успешни, во дел не. Но, во сето тоа, се водиме од чесноста, искреноста и најдобрите намери. Се бориме со силата на аргуменетите, против тие кои сакаат да остане исто како порано, кои сакаат статус кво во нашето општество, кои не сакаат промени, да останеме енклава, за да се спасат од старите криминали и да направат нови. Затоа оваа одлука има многу поголема државничка димензија и треба да почива на разум, мудрост и визија! И најмногу од сѐ на чесна работа“ рече Ковачевски.