2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Имав ретка можност да се запознам и ракувам со принцот, се присетува конзулката Лилјана Спировска на 25- годишнината од посетата на Чарлс на Македонија

Ноември 08, 2023

Токму на денешен ден во 1998 година тогашниот принц од Велс, британскиот престолонаследник , а денес крал на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, кралот Чарлс Трети ја посети Македонија.

На приемот што беше организиран во негова чест во хотелот „Континентал“ во Скопје, можност лично да се запознае со принцот имаше и битолчанката Лилјана Спировска, претседателка на Македонско-британското здружение, а подоцна и конзул на Велика Британија во Битола.

371537340 2057976974552087 6329715507750820181 n

И по 25 години таа со задоволство се сеќава на средбата и зборува за позитивниот впечаток што принцот го остваил кај неа.

„Принцот Чарлс во посета на Македонија дојде на 8 и 9 ноември 1998 година како дел од неговата балакнска турнеја. Како да беше вчера од овој, за мене незаборавен настан, а поминаа 25 години. Беше настан што се случува само еднаш во животот, да бидеш поканета и да се ракуваш со принц на една голема и моќна држава како што е Обединетото кралство. На примеот присуствував на покана на амбасадорот Марк Дикинсон и имав чест и привилегија да се запознаеме и да поразговараме со принцот Чарлс, како и со познати политичари, деловни луѓе, уметници...Јас бев воодушевена од неговата непосредност, љубезност и комуникативност. Тој остави голем впечаток кај мене, а верувам и кај останатите присутни“, вели Спировска.

370058024 870964367577885 400958946306542011 n

Таа се присетува дека се планирало принцот да ја посети и Битола, за што била подготвена и комплетна програма, а во организацијата биле вклучени амбасадорот Дикинсон, членови од кабинетот на Чарлс и Спировска. Но, наместо Битола, го посети Охрид. Спировска на шега вели дека не дошол зашто Битола нема аеродром, а можеби има и вистина во тоа?

Во малубројната делегација од Битола која присуствуваше на приемот, покрај Спировска беа и неколкумина членови на Македонско-британското здружение: Љупка Пејевиќ-Коларова, Светлана Гочева, Душан Илиоски и Димитар Спасевски.

371066627 1384128282504407 7752631508653188491 n

369786644 7159469110731842 2314588349654756026 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани