АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според премиерот Димитар Ковачевски никој не очекувал дека толку многу ќе биде значаен форумот Блед.
-Тоа е затоа што Мишел за првпат како предводник на телото на лидери на ЕУ кажа дека ЕУ треба да е подготвена за проширување во 2030 година, рече Ковачевски во гостувањето во Канал 5.
Тој додаде дека тоа се поклопило со интересите на земјава, односно целта Северна Македонија да се зачлени во 2030 година.
-Тоа беше потврдено и од премиерот на Словенија и од премиерот на Хрватска. Сите велат „да“, Европската Унија има интерес за проширување. Сега веќе нема држави кои се против проширувањето. Тоа стана дел од клучните зборови и во НАТО Алијансата, рече Ковачевски, додавајќи дека после земјава интерес за зачленување во Алијансата пројавиле и Финска и Шведска.
-Тоа што го кажа претседателот на Европскиот Совет е дека процесот на реформи на ЕУ е заради процесот на проширување. Самата ЕУ ќе треба да се подготви за нвите членки, кажа Ковачевски.