2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ако Грците се заинтересирани за купување на МЕПСО, ние сме заинтересирани за Солунското пристаниште, рече премиерот Ковачевски и додаде дека лажна е веста дека Владата преговара за продажба на електропреносниот систем

Ноември 03, 2023

Ако Грција има стратегија да купува удели во МЕПСО, ние сме заинтересирани да го купиме Солунското пристаниште. Вака одговори премиерот Димитар Ковачевски при денешната псоета на Битола  на новинарско прашање дали државата преговара со државниот грчки електоенергесткси оператор ИПТО за продажба на дел од МЕПСО. Тој додаде дека инфрмацијата што ја објавија некои грчки и опозициски медиуми во Македонија, е лажна вест.

-Нема никакви разgовoри за продавање на МЕПСО, така што се работи за дезинформација.  Грците  може да имаат свои стратегии и ние може да имаме свои стратегии. Ако тие сакаат да купаат дел од некоја наша компанија, тогаш и ние сме заинтересирани за купување на Солунското пристаниште. Оваа информација доминантно ја лиферуваат опозициските медиуми во државата, а и опозициската партија имаше прес-конференција. Се работи за неточни наводи и за лажни вести, а за тоа имаше соопштение и државната компанија МЕПСО која кажа дека ниту имаат разговарано, ниту разговара, ниту,пак, преговара со кого било за продавање на нејзин дел, рече Ковачевски

Тој нагласи дека станува збор за компанија во 100-процентна државна сопственост и додаде дека ни Владата нема водено никакви разговори за продавање на МЕПСО.

-Значи се работи за информација која е дезинформација во делот на МЕПСО и Владата, потенцира Ковачевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани