2win800x200

31. издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“

Ноември 03, 2023

По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, како дел од програмата за одбележување на овој значаен датум, синоќа беше отворено 31 издание на Интернационалниот  фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека во чест на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, се одржува овој фестивал, кој претставува силно културно обележје не само на градот, туку и пошироко на државно ниво и во светски рамки.

„Овој уникатен фестивал, во кој на преден план не е поставено совршенството на филмската уметност како кај професионалните филмови, носи обележје на нешто што е многу поблиско до обичниот гледач, а тоа е несовршенството, обичната приказна, реалните настани, погледот на секојдневието, раскажан од аматерот-гледачот, кој преку својата приказна, го доближува секојдневието кај публиката.

Секоја година, фестивалот расте во однос на прикажаниот квалитет на филмовите кои, секој на својот начин, преку раскажаната приказна има своја специфичност. Го обиколуваат светот  и пристигнуваат на вистинското одредиште, фестивалот Камера 300.

Тоа го докажува и огромниот број на пристигнати филмови годинава, дури 43. Верувам дека жири комисијата навистина имаше тешка задача да ги избере најдобрите, но секако сите филмови имаа своја тежина која раскажува навидум обични, но многу важни приказни, кои ќе ја збогатат и онака богатата филмска историја на градот Битола“, рече градоначалникот Коњановски.

Годинешното жири соопшти дека во конкуренција на 43 филмови, годинава ќе бидат прикажани 16 во две официјални  проекции.

Највисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, е доделена на филмот „Повратникот“, на авторот Диме Талевски.

Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби авторот Илке Ацксталер од Германија, за филмот „Така се започна“.

Наградата „Златната камера 300“ е доделена за филмот „Часовничар “ на група автори од попово, Бугарија, „Сребрената камера 300“ за филмот „Споменици“ на група автори од Шумен, Бугарија, а „Бронзена камера 300“ на филмовите „Детство“ и „Ехото на тишината“ од авторот Бојан Петровски од Шведска.

Исто така, беа доделени плакети за режија, монтажа, идеја и репортажа, како и специјални награди-плакети.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани