АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Ако не го направиме исчекорот во евроинтеграциите заедно со нашите соседи од Западен Балкан, на нашата држава и се заканува повторна изолација. А тоа значи и пропуштена шанса за напредок и обратно, назад и нова темница, во којашто уште долго ќе се лута“ рече премиерот Димитар Ковачевски на свечената академија по повод 8 Септември во Филхармонија.
Тој додаде дека политичките раководства, Собранието и народот во нашата држава, секогаш го правеле потребното и дека така ќе биде и сега.
„Јас работам и ќе работам, а повикувам и сите заедно, да се обединиме околу целта пред нас и да ја сработиме. Бидејки заедништвото со кое е постигната независна иднина на Републиката во 91-та – го, има и денес во определба на граѓаните за европска иднина на нашата Република. Патриотизам не е како гледаме на минатото, туку како со искуствата од минатото ги градиме сегашноста и иднината“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека сите треба да не обедини желбата на нашите деца да бидеме среќни, вербата во младите и копнежот на родителите за среќа дома, меѓу саканите, во родниот крај.