2win800x200

Лазо Узунчев - Претходната влада на СДСМ ги презела сите обврски за затворање на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2030, а за седум години не изградиле ниту еден нов производен капацитет

Септември 16, 2025
Лазо Узунчев Лазо Узунчев

Енергетската транзиција како стратешки приоритет на државата се соочува со предизвици во спроведувањето на политики, обезбедување финансиски средства, технички ограничувања и изградба на нови капацитети. Термоелектраните како најголеми производители на електрична енергија, но и најголеми загадувачи кои до 2030 година треба да се затворат, сè уште немаат соодветна замена бидејќи ЕСМ,  во изминатите седум години не изградило нови производствени капацитети. Дополнително, производната цена на струјата на ЕСМ е повисока од продажната на универзалниот снабдувач, што резултира со работење со загуба и ја доведува во прашање реформата и зелената транзиција, се наведува во Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на тема ”Зелена транзиција преку промовирање на обновливи извори на енергија “. Ова  е дел од ИНТЕРВЈУТО на  генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев  за „енергетика 24“

Последниот ревизорски извештај предизвика јавна дебата околу подготвеноста на енергетскиот сектор за зелената транзиција. Како одговарате на овие наоди?

Ревизорскиот извештај со право ги истакнува системските празнини кои ја кочеа енергетската транзиција на Македонија во изминатата деценија.  Иако целта за декарбонизација до 2030 беше усвоена пред повеќе години, претходната влада не презеде суштински чекори за подготовка на енергетскиот сектор. Тој недостаток на дејствување сериозно ја поткопа способноста на земјата да обезбеди енергетска сигурност, стабилност на пазарот и долгорочен просперитет. Покрај тоа што треба да нè освести целосно, во исто време е неопходен потсетник колку далеку заостанувавме – во планирањето на декарбонизацијата, енергетската безбедност и подготвеноста за инвестиции. Реалноста е дека оваа Влада и носителите засегнати со енергетската транзиција  меѓу кои е и АД ЕСМ, повеќе не се во фаза на давање декларативни изјави– туку имаат преземено конкретни  чекори во фаза на имплементација.

 

 Кои чекори не се преземени од претходната Влада?

Па веднаш ќе ви одговорам дека иако декларативно ги прифатиле обврските за зелена транзиција која во својата суштина подразбира декарбонизација, ослободување од производството на електрична енергија од фосилни горива и воведување нови обновливи извори на енергија, за седум години не изградиле ниту еден нов производен капацитет. Не ми е јасно како ги презеле сите обврски кои подразбираат и затворање на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2030 година, а притоа не подготвиле терен за замена на тие носечки капацитети со нови, од еколошки прифатливи извори.

 

Целото интервју на следниот линк https://energetika24.mk/intervjua/intervju/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани