2win800x200

Денови на македонското пчеларство во Битола

Октомври 09, 2025

Во срцето на Битола, на плоштадот Магнолија, денес по 28 пат се организираа  "Денови на македонското пчеларство",  настан  кој ја промовира традицијата, трудот и љубовта на нашите пчелари кон природата и здравјето.

 
Пчеларството е повеќе од занает, тоа е мисија за зачувување на биодиверзитетот и одржување на рамнотежата во природата.
Битола како град со долга традиција во оваа област, со гордост ги поддржува нашите пчелари и нивните производи кои се симбол на чиста, македонска природа и трудолубивост.
 
 Посетителите имаат можност да уживаат во дегустации на мед и пчелни производи, да се запознаат со процесот на производство и да дадат поддршка на локалните производители.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани