
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска истекува рокот за јавната понуда на српската Алта банка АД Белград за купување на 371.528 акции на Стопанска банка АД Битола.
Алта Банка АД Белград на почетокот на октомври месец ги извести сите акционерите на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година.
Според известувањето ите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можат до денес да ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од 3.777 денари за една акција. Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи, информираат од банката.