2win800x200

Се продаде Стопанска банка Битола, нов сопственик е српската Алта Банка

Октомври 13, 2025

Алта банка од Србија е новиот сопственик на Стопанска банка Битола. Понудата ја прифатиле 262 акционери. Тие продале вкупно 344.420 хартии од вредност, што претставува 88,09 отсто од акционерскиот капитал.

Во името на Алта банка, известувањето за исходот на понудата за преземање го објави нивниот застапник во Македонија, адвокатот Александар Кралевски.

Банката од Белград понуди по 3.777 денари за акција издадена од Стопанска банка Битола. Потребно беше да се продадат најмалку 273.795 акции, односно 70,03 отсто од вкупно издадените 371.538 обични акции со право на глас.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани