2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОСВЕТУВА ПОГОЛЕМО ВНИМАНИЕ НА БИТОЛА, РЕЧЕ ПРАТЕНИКОТ ИЛИЈА ДИМОВСКИ

Септември 25, 2017

ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од битолчани дека во својата работа треба да обрне повеќе внимание на Битола, изјави пратеникот Илија Димовски, кој денес на Широк Сокак одржа прес конференција, претставувајќи ги кандидатите за градоначалник и носител на листа.  

 

Запрашан дали ќе успеат да ја стопат разликата од 2700 гласови колку што СДСМ освои повеќе од ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори, Димовски рече дека ангажманот што ќе го посветат на Битола ќе биде на повисоко ниво.  

-Свесни сме за таа загуба од 2700 гласови на парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ го прими тоа како сигнал и порака од граѓаните на Битола дека во својата работа треба да обрне повеќе внимание на овој град и да истапи со комплетно ново креирани политики и тоа го напрвивме. Програмата на Илиоски го нуди тоа, а и ангажманот што ние како претставници од централата ќе го посветуваме на Битола ќе биде на поголемо ниво- рече Димовски.

На новинарско прашање дали со неговото доаѓање во Битола сакаше да го престигне СДСМ, па пред нивниот митинг да ги претстави кандидатите за градоначалник и носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ , Димовски рече дека тие се докажани луѓе и не треба специјално претставување.

-Зоран Илиоски во Битола е многу добро познат. Тој има огромно искуство и во делот на финкционирање на локална самоуправа, јавни претпријатија, среќа за него и за Битола што долго време беше на значајна позиција во Собранието, во највисоките политички органи на партијата, има одлучни контакти, не само со претставниците на претходната Влада, се познава и со пола од министрите на Социјалдемократскиот сојуз - рече Димовски.

За носителот на листата  Борче Димитровски и кандидатите за советници рече дека се професионалци и одговорни луѓе. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани