ЗОРАН ИЛИОСКИ: БИТОЛА Е НАШ ГРАД - НА СИТЕ !

Септември 25, 2017

На почетокот сме на кампања за едни од најважните избори во историјата на независна Македонија. Избори на кои прво ќе гласате за себе, своето семејство, својата улица, соседството и визијата за иднината на вашето најблиско опкружување и нашата Битола, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Илиоски, на денешната прес конференција, на која ја претстави својата визија за Битола.

-Битола ја гледам како град на млади луѓе кои се убедени дека токму овде ќе најдат просперитетна иднина и повтрда на своето образование, стручност и квалитет. Град кој ќе создава услови за нови работни места и ќе се развива потпирајќи се на потенцијалот на своите млади сограѓани, рече Илиоски.

Посочи дека Широк Сокак заслужува да биде посакувана и примамлива дестинација на патници и туристи, а Битола град на сите.

-Битола мора да биде град на сите - на мажите и жените подеднакво, на Македонците, Турците, Власите, Ромите, Албанците, Србите, Бошњаците...на граѓаните од градот и граѓаните од селата, на ранливите категории, на лицата со посебни потреби, на пензионерите, на спортистите, на навивачите ... град со еднакви шанси и грижа за сите,  рече кандиадот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Рече дека на овие избори настапуваат со предизборна програма со конкретни проекти и рокови за реализација, но, подготвени се да ги слушна сите предлози и идеи на граѓаните

-Во следните четири години ќе насадиме 10.000 нови садници урбано и блоковско зеленило, ќе изградиме и опремиме комплетно нов парк како зелен појас во Нова Битола и како мерка за намалување на загадувањето од автомобилите – општината ќе субвенционира 50% од вредноста на секој купен велосипед од граѓаните, во износ не поголем од 4000 денар, рече Илиоски.

Најави победа на 15 октоври и рече дека тогаш ќе се обрати како градоначалник на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани