2win800x200

Денес во Битола е пуштено во употреба реконструираното ракометно игралиште во основното училиште „Коле Канински“. За реализација на игралиштето, Видеолотарија обезбеди донација во вредност од 3 284 819 денари (53.000 евра).

- Чест ми е и задоволство што имаме прилика заеднички како бренд амбасадор на државната видеолотарија на Македонија да донираме и да го одбереме токму градот Битола. Мислам дека Битола е спортски град, пред сѐ ракометен град и тоа го заслужува. Се надевам дека со оваа донација, со оваа инвестиција и понатаму ќе предизвикаме уште поголем интерес и Битола ќе има уште поквалитетен спорт и поквалитетен ракомет што ѝ го посакувам од срце затоа што тоа го заслужува - изјави ракометната легенда Кире Лазаров, кој е бренд амбасадор на брендот „Видеолотарија Австрија“.

302244235 780405833298927 5489900887113888180 n

Фото: Томе Влашевски

Директорот Зоран Мирчевски овој спортски ресурс ќе служи како мотивација плус и за наставниците, и за учениците во училиштето „Коле Канински“ за да ја реализираат подобро наставата по физичко и здравствено образование.

- Се надевам дека овој спротски ресурс што ќе се користи во понатамошниот период ќе придонесе како мотивација плус за подобро реализирање на наставата по физичко и здравствено образование, а воедно ќе постигнуваат и поголеми успеси - изјави директорот Мирчевски.

302285556 5458452807544357 7183934170539073334 n

Фото: Томе Влашевски

Во своето обраќање на денешниот настан градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека овој проект е од особено значење за учениците, што е доста значајно за поттикнување на спортскиот дух кај младите генерации.

- Создавањето услови за развој на спортот и подобрувањето на спортската инфраструктура во општината се меѓу главните фактори кои треба да бидат поттик и можност за учениците да го развиваат својот спортски и натпреварувачки дух, истовремено јакнејќи ја дисциплината и одговорноста, да се изградат како здрави личности - изјави Коњановски.

Градоначалникот Коњановски ја искористи приликата и на сите ученици им посака лесен почеток на новата учебна година и многу успех.

301900458 1104242387136735 7741139037013346606 n

302065359 5517818221572467 2743442283961247427 n

302010785 1086329515327209 1025085572122481870 n
Фото: Томе Влашевски

Уште една сообраќајна несреќа на улицата  "Едвард Кардељ" се случи попладнево околу 14 часот, во која учествуваат три возила.

Незгодата е на крстосницата кај старата Ветернарната станица, а полицијата во моментот врши увид..

Оваа несреќа е втора за неполни  12 часа по карамболот на Едвард Кардељ, во кој едно возило удри во две други паркирани и истурка контејнери, а возачот се здоби со полесни телесни повреди

 

 

На 28.07.2022 во 09.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода Д.М.(31) од Пробиштип.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.07 до 24.07.2022):

 
Направени се 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54, Тетово – 44, Велес – 36, Гостивар – 29, Неготино – 27, Струмица – 23, Струга – 22, Кичево – 19, Крива Паланка – 18, Ресен – 16, Штип – 15, Кочани – 12, Гевгелија и Свети Николе – по 9, Дебар – 8, Радовиш и Кратово – по 7, Валандово – 5, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 4, Македонски Брод – 3, Делчево – 2, Виница, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
 
Од вкупниот број на позитивни (1.261), регистрирани се 295 реинфекции.
 
Регистрирани сe 1.085 оздравени пациенти од: Скопје – 578, Битола – 80, Куманово и Кавадарци – по 51, Велес – 41, Охрид – 35, Тетово – 26, Гостивар и Струмица – по 25, Штип – 19, Прилеп – 18, Струга и Кичево – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Ресен – 12, Неготино и Кратово – по 10, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 6, Свети Николе – 5, Крушево – 4, Радовиш, Берово и Делчево – по 3, Дебар, Виница и Богданци – по 2.
 
Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лица од: Скопје (69г), Битола (84г), Прилеп (80г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови.                                                                                                                                            
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од: Куманово (86г) и Македонски Брод (79г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 26.06.2022 - 01.07.2022г.
 
Направени се 2.989 тестови преку: ИЈЗ-323, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–147, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-75, Биотек-123, Систина-62, лабораторија Лаор-14, Синлаб-28, Ремедика-7, Плодност-37, Генеа-9, Никоб Лаб-160, ВФВ Медикал-16, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-31, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.601.
 
Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи изнесува 4.305
 
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      152984, Активни   1953
Куманово    17242, Активни    208
Битола      16489, Активни    340
Прилеп      14633, Активни    207
Тетово      13833, Активни    146
Кавадарци   11166, Активни    209
Велес 10170, Активни    146
Гостивар    9805, Активни     79
Охрид 9385, Активни     208
Струмица    8318, Активни     104
Штип  8301, Активни     83
Кичево      5799, Активни     78
Кочани      5223, Активни     39
Струга      4862, Активни     83
Гевгелија   4527, Активни     55
Неготино    3832, Активни     74
Ресен 2841, Активни     59
Свети Николе      2685, Активни     28
Радовиш     2592, Активни     35
Крива Паланка     2496, Активни     47
Делчево     2014, Активни     5
Берово      1713, Активни     12
Дебар 1707, Активни     19
Валандово   1522, Активни     13
Виница      1404, Активни     3
Пробиштип   1288, Активни     4
Богданци    1039, Активни     4
Кратово     1005, Активни     16
Крушево     951, Активни      13
Демир Хисар 864, Активни      16
Македонски Брод   761, Активни      13
Демир Капија      599, Активни      1
Македонска Каменица     527, Активни      2
Пехчево     489, Активни      2
Дојран      359, Активни      1

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани