2win800x200

Полицијата затекна малолетници после полноќ во угостителски објект во Битола

Јануари 21, 2023

На 21.01.2023 година во времето од 00.00 до 04.00 полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетни лица во истите на подрачјето на Битола каде е извршена контрола во три  угостителски објекти ,при што во еден локал на  ул. Велешка во Битола,  затекнати се три малолетни лица.

Истите се предадени на родителите,следува пријава по чл .21 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир за угостителите.
 
Приведено лице во Битола за неовлатено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори во Битола,пронајдена дрога
 
На( 21.01) од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во врска со чл. 215 од КЗ на ул. Филип Втори Македонски при извршен преглед на лицето Т.Б.(27) од Битола беше пронајдена  марихуана .Истиот е приведен полициска станица при што ќе следува соодветна пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани