2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

(фото и видео) Пекарите во Битола за Василица затрупани од нарачки за мазници, им праќаат и на печалбарите

Јануари 13, 2023
фото и видео Златко Јосифовски фото и видео Златко Јосифовски

За Василица веќе ретко може да се проба домашен сукан мазник. Пекарите во Битола нарачки примаат по првиот работен ден од Новата година, за да можат да престигнат да ги испорачаат сите нарачки. Се претпоставува дека за празникот се продаваат околу 40 илјади мазници.. Помалите пекари за да престигнат, па не примаат нарачките од 9 јануари. Блага Соколовска од бурекџилницата Ал Би во центарот на Битола, која опстојува 27 години, вели дека има недостиг од мајстори и во овој занает, како и во сите други, но се снаоѓаат за празникот да ги завршат сите нарачки.

-Ние во Битола имаме најголема традиција за Василица, најмногу се слави. Веќе никој не спрема дома, сите имаат порачки, така што не знам колкав број на мазници правиме. Порано имавме 5 мајстори и пак не можевме да престигнеме. Сега имаме само еден мајстор, но се снаоѓаме. Месиме совреме мазници со паричка, распоредено сите денови, ги замрзнуваме и така си ги земаат луѓето. Порачки имаме до недела на 15 јануари. Нема мајстори, младите веќе не се заинтересирани, не саакат занает да учат, вели Блага.

Само нивната мала пекара, на времето правеле и по 800 мазници за само три дена.

-Ние правевем по 700-800 мазници, замислете колку прават големите пекари. Имаме нарачки дури и во старнство. Лани 16 тави мазници ги исукавме и испековме, ги замрзнавме, не знам како ги однесе до Америка. Имаме нарачки од Лондон, Германија. Ги печеме ги замрзнуваме и ги праќаме таму, вели Благица Соколовска од бурекџилницата Ал-БИ.

благица1

благица 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани