
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во сообраќајна незгода кај туланата на стариот пат Могила – Тополчани, вчера во 20.35 часот автомобил „ауди“ со битолски регистарски таблички управуван од Р.Г.(40) од Битола излетал од патот, при што возачот го загубил животот.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола, по што по наредба на обвинителот, телото на починатиот е дадено на обдукција.
За учесниците во сообраќајот, Битола е најризичен град во земјава изминатиот период , открива статистиката на Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај. На подрачјето на СВР Битола, годинава животот го загубиле 27 лица. На второ место според бројот на загинати е Скопје со 24 жртви, по што следуваат Штип со 22-ца починати и Струмица со 16.
Во анализата се потенцира дека главна причина за несреќите е возење со брзина поголема од пропишаната.
Донација во опрема вредна 150 илјади евра доби битолската болница од шведската фондација Hand till hand. Опремата ќе биде распределена во неколку одделенија во болницата
Среде Широк сокак, десеттина битолчани го блокираа патот чекајќи ред за на банкомат. Минувачите, некои нервозни што им го попречиле патот, други расположени за мајтап, потпевнува -ред се редат мале, за на банкомат!
НУУБ „Св. Климент Охридски“ во своите заложби за претставување на Библиотеката како место за дружење и промовирање на едукативни и креативни програми на деца и млади од сите возрасти организира празнична програма која што ќе ги обедини училишта, волонтери, родители и сите заинтересирани граѓани кои ќе можат активно да учествуваат во новогодишниот изглед на нивното омилено место за читање.
Половина милион евра следната година општина Битола ќе издвои за спортот, што е рекордна сума во планирани средства од Буџетот, рече претсдателот на Советот, Валентин Груевски. Исто така следната година ќе се издвојат 1,3 милиони евра за стадионот во Битола.