2win800x200


Сообраќајот на  патишта во државата се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има во Битола, Прилеп, Ресен до150м и Тетово до50м.

Вчера околу 18 часот младо момче од Битола на 23 годишна возраст си го одзело животот. Според податоците од СВР-Битола,  несреќата се случила  во семејната куќа на момчето М.А на улицата Булевар 1-ви Мај.  Тоа било само дома , па членови на семејството го затекнале  со прострелна рана во главата. Основното јавно обвинителство наредило  обдукција.  

Методија Тасевски  е  избран за нов претседател на ОО на СДСМ во Битола. Одлуката за негово именување ја донел лично претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврди Тасевски за апла.мк . Тасевски  е со долг партиски стаж и добар познавач на политичките прилики во градот.

Битолското здружение на Хрвати од Македонија, вечерва го организира традиционалниот Божиќен концерт на кој годинава ќе учествуваат младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола и членови на Заедницата на хрвати кои учествуваа во наставата на хрватски јазик во Македонија.

Младинскиот женски хор под диригенство на Љубо Трифуновски ќе изведе дела на македонски и странски композитори, уметникот Дарко Кулевски на хармоника ќе го изведе делото на Семјонов „Слики од ренесансата“, а со соло гитара ќе настапи Андреја Чукалкова која ќе исполни Божиќна песна.

„Католичката Црква „Пресвето Срце Исусово“ е место каде што го славиме Христовото раѓање, каде што ја одржуваме традицијата и каде кон Здружението на Хрвати се приклучуваат и други битолчани. Благодарни сме што новиот жупник Дон Паво Шекерија ја препозна иницијативата и се заложи за реализацијата и на годинешниот Божиќен концерт во Битола“, соопштија организаторите на вечерашниот културен настан во овој град.  

Со мнозинство гласови на советниците во Советот на Општина Битола,  за командир на Полициската  станица од општа надлежност  во Битола, денеска е избран Драганчо Велевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани