Камерниот оркестар на Битола најавува уште еден спектакуларен настан со наслов "Broadway во Битола", кој ќе се одржи на 22 април.
Најубавите мјузикли како: "Hair", "Moulin Rouge", "Cabaret", "West side story", "Phantom of the Opera", "Beauty and the Beast", "Dreamgirls" и многу други, во изведба на Наде Талевска, Елена Петреска, Игор Узунов, Марија Груевска, Ана Гаштарова и танцовиот спортски клуб "Step Up".
Влезници во претпродажба од 18.04 од 10:00 до 20:00 часот, на билетарата на Центарот за култура по цена од 200 ден.