2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Мицкоски побара Миновски да му се извини, во спротивно ќе тужи

Април 15, 2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, за обвинувањата на првиот човек на Електрани на Македонија, Драган Миновски, се огласи преку својот ФБ профил. Тој напиша дека денешната прес конференција на  Миновски има цел да го одвлече вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во 4 очи во оваа компанија. 

 

 
-Миноски со лаги, клевети и измислени тези упатени кон мене, сака да ја покрие вистината за тоа како најпрво поништуваат тендери, и наместо вториот најповолен понудувач со веќе објавена цена се избира иситата таа фирма но овој пат со далеку повисока цена, и во договор во 4 очи, како се прави оглас за милионски тендери со услови кои може да ги исполни само една компанија, и како тие услови преку ноќ се менуваат само за да се покрие скандалот и ред други неправилности кои повлекуваат сомнежи за сериозен криминал. И како ништо од ова да не е важно за раководството на ЕЛЕМ и Владата, но важни се клеветите и измислените информации упатени кон мене на денешната прес конференција, напиша Мицкоски.
 
Тој побара Миновски јавно да се извини.
 
-Затоа колега Миновски ќе имате период од 48 часа да испратите јавно извинување за сите клевети и навреди што ги изнесовте денес, а притоа му нанесовте штета на мојот углед и чест или во спротивно се што изнесовте денес ќе мора да го докажувате низ судска постапка. Одите во погрешен правец и ве советувам пола од енергијата која ја трошите да ме извалкате со невешто читање на напишани соопштенија да сработите нешто за доброто на татковината, за граѓаните,за ЕЛЕМ. За сите злоупотреби кои ги исполнувате за вашите нарачатели ќе одговарате и ќе одговарате многу скоро, пишува Мицкоски на својот ФБ профил
 
IMG 20180415 183010
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани