БЛАГОДАРНОСТ ДО ПРЕМИЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ И ВМРО ДПМНЕ: ЗАЕДНО СО БИТОЛЧАНИ, ИМАМЕ НОВА МОЖНОСТ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА РАБОТИМЕ ЗА БИТОЛА
Почитувани граѓани,
Голема чест, но и одговорност е да се биде градоначалник на Општина Битола. Во изминатите скоро 4 години се соочивме со многу предизвици, во кои мојот најголем мотив за успех, беше надминувањето на проблемите на моите сограѓани, решавањето на сите затекнати и новонастанати ситуации во нашата општина. Без поддршката и соработката со граѓаните, немаше да успееме да реализираме многу од нашите планови и Битола повторно да ја направиме привлечно место за нови инвестиции.
На овој пат, наша значајна поддршка е и соработката со Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Успехот подразбира континуитет, а ние ја имаме таа шанса да продолжиме со реализација на проекти кои значат промени кон подобро.
Затоа, посебно сакам да се заблагодарам на Премиерот Христијан Мицкоски за дадената доверба и на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, кои вреднувајќи го мислењето на граѓаните, вложениот труд и постигнатите резултати, на вечерашната седница, одлучија на претстојните локални избори, пo втор пат да го предводам победничкиот тим на ВМРО ДПМНЕ.
Верувам дека, повторно со моите битолчани, ќе потврдиме, дека направениот избор е ВИСТИНСКИ ИЗБОР!
Продолжуваме да создаваме дела, кои значат ПРОМЕНИ кон подобра иднина за нашата Битола!