2win800x200

Обиколницата над  Битола, која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и натаму не е во функција поради  ново свлечиште, кое се појави, додека се санираше стариот одрон од ридот. Иако беше најавено дека привремено решение ќе биде поставување на семафори, со кои сообраќајот би се одвивал  наизменично, по една коловозна лента, со цел тешките товарни возила да не транзитираат низ градот и доплнително да го загадуваат воздухот, сепак, ваквото решение со појавата на новото свлечиште не можеше да се реализра. Од   јавното претпријатие за државни патишта, велат  дека заради безбедност на возачите и минувачите, полицијата и изведувачот одлучиле обиколницата да не се отвора за сообраќај.

Полицијата поднесе кривична пријава против А.В. (17) и Ѓ.Д. (18), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „расна и друга дискриминација“. На 18.01.2018 година околу 02.30 часот на фасада од зграда на  Широк сокак во Битола пријавените испишале графит со недолична содржина на македонски и албански јазик. Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за Криминалистичка полиција, по превземени мерки и активности, го расветли настанот и ги откри сторителите.

Графитот на фасадата на зграда на Широк сокак  во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик,е и  со додавката „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.

За утре во Битола е најавен  настан за размена на мислења и подигнување на свеста за мигрантите и бегалците  како  проект  на УСАИД.  Настанот „Кафе со бегалците и мигрантите” ќе се одржи во кафулето Интермецо со почеток во 11 часот.

На овој настан според најавата присутните ќе имаат можност да погледнат  емотивно видео во кое неколку баратели на азил во Република Македонија ги споделуваат нивните искуствa, по што ќе се отвори простор за разговори во кои секој присутен ќе има можност да ги сподели своите ставови, мислења или стравови за бегалците, мигрантите и бегалската криза.

Целта на овој настан е да се подигне свесноста за искуствата со кои се соочуваaт овие лица за време на нивното патување, меѓу кои и потенцијалната опасност да станат жртви на трговија со луѓе, како и да се намали жигосувањето на оваа група на граѓани.

Овој  прокет се спроведува  од страна на Македонско здружение на млади правници во соработка со Здружението на граѓани за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта.

Европската унија и во иднина ќе биде партнер и ќе и помогне на општина Битола за нејзин  напредок и реализација на приоритеите, рече амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Евроамбасдорот   истакна дека  со Петровска  раговараа за досега реализираните прокети со поддршка на ЕУ, но и за проблемите со кои се соочува оштината и можноста Унијата да помогне во нивно надминување.

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска  го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда на Широк сокак  во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани