2win800x200

Во Битола и куферите се продаваат како алва

Мај 10, 2018

„Куферите се продаваат како алва“, вели еден продавач на куфери и патнички торби во битолската стара чаршија, забележувајќи дека, никако не запира иселувањето од градот на конзулите.Не знам, вели дали да се смејам на досетката или да плачам на реалноста, кога еден муштерија дојде да ми побара куфер за во еден правец, раскажува нашиот соговорник кој долги години е дуќанџија во чаршијата.

Според разговорот со неговите муштерии, битолчани заминуваат од државата или со судентски визи за Австралија, најчесто млади од 18 до 25 години и тоа во парови,  дечко и девојка, или за Европа и Скандинавија се иселуваат семејни луѓе.

 

-Ние дојдовме пак, дали имате куфер за во еден правец?- ми вели семеен битолчанец кој пред две години исто така купи куфер од мојот дуќан кога заминуваше во Шведска на печалба. Таму работеше како возач на камион. Сега, ми вели муштеријата -дојдов да си ја земам и фамилијата , повеќе не се враќам, затоа купувам и авионска карта и куфер за во еден правец, раскажува нашиот соговорник.

Иселениците според него ги има од сите возрасти  и од сите етнички заедници, со различен степен на образование.

Горан  Пинза од туристичката агенција „Глобус клуб“ во Битола , вели дека иселувањето е во континуитет, а во неговата агенција доаѓаат битолчани кои купуваат авионски билети за прекуокенските земји и Европа или пак автобуски карти најчесто за Германија.

-Во последниот период нашите од овој крај ја претпочитаат Европа, особено од младите или студентите кои таму заминуваат да работата во ланците за брза храна и  тоа на период од три месеци ако се со македонски пасош или на подолг период ако имаа бугарски пасош.  Билети купуваат невработени или лица со пониски примања и најчесто велат дека заминуваат во потрага по подобра егзистенција за себе или за семејството, вели Пинза.

Според него Гераманија е најбараната дестинација воопшто за битолските печалбари, бидејќи имаат повеќе инфорамции од своите блиски роднини или пријатели како можат побрзо да се снајдат во новата средина со работа, стан и се' што им е потребно за престој.

-Бараат билети за Германија бидејќи се добро запознати со сите детали околу престојот таму, за слободни работни места, за висината на платата инфорамации кои ги добиле од своите роднини и другари кои веќе се таму со години. За Германија се купуваат билети и за авионски и за автобуски превоз, вели Пинза.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани