2win800x200

 

Процесот за снабдување со поевтина електрична енергија за клучните субјекти по одлуката на Владата тече непречено и без никаков застој, и сите пријавени кои исполнуваат услови ќе добијат електрична енергија од ЕСМ Продажба од 1 декември.

 

 
Трансформаторот се изработуваше во фабриката Астор во Турција и се очекува на 22 ноември да биде во РЕК Битола.   
Трансформаторот е тежок 240 тони и од Турција се пренесува со специјална композиција, преку копно низ Турција, бродски до солунското пристаниште и од таму повторно по копно се движи кон крајната дестинација – РЕК Битола.
 
За композицијата долга 60 метри преземени се специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина. 
 
Откако трансформаторот ќе пристигне во РЕК Битола, ќе бидат потребни 10-тина дена за негова монтажа и ставање во погон.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, учествуваше на самитот на иницијативата „Отворен Балкан” во Белград, на тркалезната маса посветена на справувањето со енергетската криза, на која присуствуваа највисоките владини претставници од земјите учеснички, како и претставници од енергетските субјекти и институции.

Со министерот за економија на Република Северна Македонија, Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, потоа имаа одвоена средба со српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, на која разговараа за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти.

АД ЕСМ, со максимална вклученост на расположливите капацитети, ја произведува целокупната електрична енергија за граѓаните и малите потрошувачи, а исто така ЕСМ ќе биде вклучен во реализација на договорените проекти за справувањето со енергетската криза кои ќе произлезат од иницијативата Отворен Балкан и од другите форми на соработка меѓу земјите во регионот, чие директно спроведувања во енергетиката ќе треба да тече преку АД ЕСМ, пишува во соопштението на компанијата. .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани