
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Група битолски планинари ветерани, некои во деветтата деценија од животот, пеш се качуваа до Копанки зашто не работеше жичницата, а горе свртија мазник со паричка на 1.500 метри надморска височина.
Најмладите битолчани и овој зимски распуст го користат за да застанат на скии и да ги научат вештините на скијањето. На ски стазата Копанки“ деновиве неколку групи на деца од Битола од претшколска и школска возраст ги учат основите на белиот спорт. Дневно за часовите плаќаат од 300 па се до 800 денари по дете, во зависност од условите во програмата за скијање.
Најмладите првите чекори во скијањето ги прават со професионални инструктори со што Копанки се сместува меѓу исклучително погодните скијалиште за семејства со деца и почетници во белите спортови.
Од фотографиите кои ни ги испратија наши читатели денеска велат дека патот кој води до ски стазата Копанки е чист и нема застој во сообраќајот.

Од утре, сабота 5 јануари, официјално започнува новата скијачка сезона во Ски – центарот „Копанки“. Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар ги посети планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кои на Копанки со сопствени средства и донации од граѓани го обновуваат планинарскиот дом на Пелистер што изгоре пред пет и пол години, а беше култно место за собирање на битолчани.
Жбогар ја погледна изложбата со постори што ја подготвија планинарите и ја прикачија за потпорите од објектот што се обновува. На тој начин евроамбасадорот го запознаа со историјата на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и со акцијата за санација на домот што започна од јуни насловена какo „Копанки за сите и сите за Копанки“. Бидејќи на местото се изведуваат градежни работи, планинарите на високиот дипломат му дадоа шлем за главата и маичка со амблемот на друштвото, кои тој ги стави на себе. Со ракавици на рацете Жбогар се вклучи и во дел од градежните работи што се одвиваат на теран.
На Копанки денес е и Емануел Рембер директор на Францускиот институт кој во јуни учествуваше во патувањето со мазгга и магаре по врвиците на Македонскиот фронт, како и претставници од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
Планинарското друштво потпомогнато од други љубители на планината и волонтери успеа да го расчисти местото каде изгоре домот, да постави врзни греди, столбови, да шелова, а за утре планираат да ја стават и првата бетонска плоча во старата сала.




