
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Млада лисица станува вистинска атракција на Пелистер, затоа што веќе е спитомена, па често се дружи со битолските планинари.
Веројатно во потрага по храна, лиска од Копанки, слегува и до хотелот Молика, без страв им приоѓа на планинарите, буричка во нивните ранци и се гали како питомо домашно животно. Од дружбата со Лиска фографии и видео направија битолските планинари кои ги испратија до апла.мк
Од утре, сабота, почнува со работа Ски-центарот "Копанки" информираат од АД ЕСМ. Од таму соопштија дека на жичарата ќе има бесплатно возрње од 9 до 16 часот, но предупредуваат дека услови за скијање има на дел од ски патеката
Во организација на Државните електрани денеска се спроведе еко-акција за чистење на ски-патеката на Копанки од отпадот. На акцијата се приклучија планинари, скијачи, љубители на природата, а како што велат од ЕСМ, целта е подигање на јавната свест за соодветно одложување на отпадот, за важноста од зачувување на природата и на планинските центри како места од особено значење, како и и промотивна подготовка на патеката пред почетокот на зимската сезона. Акцијата се спроведе со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од КОВИД-19.
