АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Државните електрани денеска се спроведе еко-акција за чистење на ски-патеката на Копанки од отпадот. На акцијата се приклучија планинари, скијачи, љубители на природата, а како што велат од ЕСМ, целта е подигање на јавната свест за соодветно одложување на отпадот, за важноста од зачувување на природата и на планинските центри како места од особено значење, како и и промотивна подготовка на патеката пред почетокот на зимската сезона. Акцијата се спроведе со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од КОВИД-19.
- И покрај серизоната сосотојба со коронавиросут, сметаме дека со добро органзирање нашиот живот треба да продолжи понатаму. Денешната еко-акција ја спроведува АД ЕСМ заедно со локалната самоуправа и јавните претпријатија. Целта е да ја заштитиме животната средина, природата, посебно во планините. АД ЕСМ стопанисува со хотел „Молика“ и ски центарот на Копанки, а во наредниот период подготвоувем серизни активност за подобрување на условите за спорт и рекреација во овој центар. Очекувам поддршка и од Општина Битола, но и од сите институции кои се засегнати. Им благодарам на планинарите, скијачите и љубителите на природата кои денеска дојдоа, а убеден сум дека и понатаму заедно со вакви активности ќе дадеме придонес да го зачуваме Пелистер. Сакам да апелирам до сите надлежни институции, општина Битола, посебно до планинарското друштво Пелистер, час посокоро да се најде решение за планинарскиот дом Копанки, кој му е потребен на градот, на државата, на граѓаните. Неопходно е домот Копанки да се изгради, а не да стои руина, која не може да се користи, рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски