АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Комуналец“ ќе поставува подземни контејнери низ Битола со што ќе се подобри хигиената со збирање на отпадот во Битола, а ќе се врши и селекација. Советот на Општина Битола денес донесе и одлука да можат да се постават овие садови за комунален отпад иако досега не беа предвидено со урбанистичко-планската документација.
Подземните контејнери ќе се изработат како бетонски шахти , вкопани во земјата, а ќе се постави и подвижна метална конструкција. Бетонските шахти ќе се покриваат со носиви, метални платформи, врз кои ќе се постават метални кутии со ротационо, подвижни капаци за фрлување на отпадот.
Секоја кутија ќе биде обоена и во зависност од бојата ќе се утврдува каков вид на отпад треба да се фрли во неа.
Ќе се почне со улицата „Васко Карангелевски“, а потоа ќе продолжи низ целиот град на Булеварот „Први Мај“, „Ленинова“ и „Столарска“.