АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еколошката граѓанска организација „Движењето за околина Молика“ успешно го спроведе проектот „Иднина за климата - одлучи и дејствувај“. Проектот е финансиран преку регрантирање на ЕУ ИПА Фонодви од страна на организацијата ЕКО СВЕСТ од Скопје, како дел од проектот за граѓанско општество и медиуми 2016-2017, „Да зборуваме за климатските промени“.
Целта на проектот е да придонесе кон подигнување на свеста на граѓаните во Битола, Охрид и Македонски брод подобро да ги разберат причините и последиците од климатските промени притоа ставен е акцент на ученици од 4 основни училишта: 2 од Битола, 1 од Македонски брод и 1 од Охрид.
Преку потпишаната соработка меѓу директорот на О.У. „Коле Канински“ - Битола, Зоран Мирчевски и еколошко граѓанската организација „Движење за околината Молика“ - ДОМ Битола, во рамките на училиштето се се реализираше oнлајн литературно-ликовен конкурс од VI - IX одд. на тема „Климатските промени - реалност на 21 век“. „Коле Канински“ е еко-училиште со 3 зелени знамиња и има реализирано многу еколошки активности.
На конкурост беа доделени награди за учениците:
1 место - Маријана Велеска VII-2 одд.
2 место- Ангела Мешеска IX-2 одд.
3 место - Благојче Ристески VII -5 одд.
Учениците беа под менторство на екокоординаторот Весна Баковска и наставничката по македонски јазик, Наташа Лозановска. Како што велат и двете наставнички, комуникацијата меѓу наставникот и ученикот е многу важен фактор за поттикнување и мотивација на учениците и нивно активно учество.
Организаторите на проектот велат дека преку него учениците се мотивираат да размислуваат и делуваат еколошки за чиста животна средина за да се спречи загадувањето и да се намалат климатските промени.
I место: Климатските промени - реалност во 21 век
Пролет, лето, есен, зима
Секој своја клима има
Зима ладно, лето жешко
Ама сега дошло време тешко.
Сонце силно во февруар пече
Место Сечко со сабја да сече
Дождец чека нива жедна
На облак се моли за капка една.
На Север глечер зрак го топи
Мразот силен што ли го опи?
Сака ли копно под нозе да земе
Иднината наша да живее во невреме?
Дождот кисел на земја паѓа,
А таа кутра чудни плодови раѓа
Јагоди ко круши големи раснат
Здравите овошки полека гаснат.
Риби живи в река нема
Чад од оџак здив ни зема
Кој ли вакво чудо прави?
Кажете ми сега Вие умни глави.
Изработил: Маријана Велеска VII - 2одд, ОУ „Коле Канински“ - Битола
II место: Ангела Мешеска IX-2 одделение, О.У. „Коле Канински“ - Битола
III место: Климатски промени реалноста на 21век
Климатски промени дојдоа тука,
во главата на секој му клука.
Што ќе биде со планетата наша,
зар некој за тоа се запраша.
Нагло топење на мраз има,
а планетата наша тоа не го прима.
Кучињата сакаат по мраз санки да влечат,
но лошите услови и клима тоа им го пречат.
Се зголемуваат температурите наши ,
и секој од најлошото се плаши.
Што ќе се случи со озонската дупка,
секој тоа во срце го копка.
Сето ова илузија да беше,
барем со тоа некој ќе се тешеше.
Но голема вистина тоа е!
Дали се грижи некој?-НЕ
Изчезнаа природните чуда ,
а причина за тоа е климата наша луда.
Температура голема веднаш дојде
се надевам без лоша ситуација ќе си појде.
Да се грижеме за нашата планета мила,
зашто што таа повеќе нема сила.
Планета резервна немаме ние
во џебот што ни се крие .
Изработил: Благојче Ристески VII - 5 одделение, ОУ „Коле Канински“ - Битола