АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола Старт-ап е првото локално партнерство за вработување што се реализира со финасиска поддршка од Европска унија. Битола е единствена Општина, избрана помеѓу 12 апликации од различни општини, која го имплементира овој пилот проект.
Под водство на Локално економскиот Совет во Општина Битола, партнерите (Општина Битола, Младински културен центар-Битола; Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА плус; Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“; Регионална Комора Битола; Агенција за вработување Битола; Интерворкс Едукативен Центар – Битола; Универзитет “ Св. Климент Охридски“) ќе спроведат активности за поголема вработливост во Пелагонискиот Регион и поддршка на претпримеништвото
-Битола старт-ап поттикнува иницијативност младите луѓе да останат во својата држава. Проблемот на одлив да го намалиме, проблем кој не е само локален, туку е навистина поширок и е евидентен. Затоа Општина Битола, со огромна поддршка стои зад оваа иницијатива која ќе докаже дека И од Битола се може, изјави Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола.
Никола Бертолини од Делгацијата на ЕУ во Македонија се обрати преу ZOOM платформата рече дека кога се зборува за младите во дрѓавата се зборува за немање можности
-Младите тука преферираат работа во јавниот сектор, што е спротивно на генералната тенденција, кога се луѓето млади тие се креативни, имаат идеи и треба да се впуштат во поинакви води на првите вработувања, собирање на искуства и создавање на лични почетоци, рече на денешниот настан Бертолини
Денес ПРЕДА плус Фондација, во склоп на Битола старт ап Центар започнува со релизација на двомесечна стартап програма И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ намената да поддржува иновативни идеи во рана развојна фаза.
-Преку онлајн апликацијата добивме вкупно 56 бизнис идеи. Комисијата за евалуација на пристигнатите идеи, ги избра најдобрите 20 бизнис идеи, кои ќе бидат вклучени во програмата, следејќи неколку основни критериуми: иновативност, профитабилност и изводливост на аплицираните бизнис идеи. Стартап програмата во период од 3 месеци ќе понуди менторски услуги за креирање на бизнис модели; тренинзи од еминентни професионалци од македонскиот стартап екосистем за водење на бизнис; можност за вмрежување со бизнис заедницата; презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори и финсиска поддршка за најуспешните бизнис идеи. Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизниси во оваа грантова шема изнесува 740.000 денари, рече истакна Лидија Ангелова, проектна координаторка на Преда Плус.
Старт ап програмат се реализира во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) кои што во склоп на ова партнерство отстапија простор каде што ќе биде сместен Битола Старт ап Центарот. Преку овој проект Факултетот ќе добие опрема и мебел, со што ќе се овозможат услови за понатамошно одржливост на овој центар. Во иднина, планирано е во овој центар ќе се реализраат иновативни и инвентивни програми кои ќе крираат стартапи и ќе создаваат нови работни места.
“Со сетот на добро осмислени активности, овој проект се приближува до младите, нивните егзистенцијални потреби, ја развива нивната креативност и смисол за претприемништво и тимска работа, ги подобрува нивните ИТ и други вештини неопходни за денешното современо, динамично и поинакво опкружување.–истакна Сашо Коруновски – Ректор на универзитетот Св Климент Охридски Битола “
Битола Старт-ап центарот ги обединува сите потенцијали и капацитети на градот во насока на намалување на невработеноста и зголемување на капацитетите на невработените лица.
-Се радувам што денес можеме да промовираме исклучително значајна институција, битолскиот Старт-ап центар е уште една потврда дека квалитетната симбиоза на партнери, квалитетниот конзорцим и добро спакуваната идеја секогаш дава резултати. Треба да бидеме горди што тому Битола е единствената општина меѓу 12 градови во државата со оваа поддржана иницијатива. МКЦ во изминатите години работеше на многу ваквки и слични програми за намалување на невработеноста, пред се на младинската невработеност. Но токму Старт-ап центарот ќе даде нов поттик и нови можности за спречување на иселувањето. Убеден сум дека ќе овозможиме многу млади луѓе да останат во својот град. Претриемништвото е главен двигател на секоја економија, а успешното претприемништво е предуслов за развој на секое општество. МКЦ – Битола ги става на располагање своите ресурси и капацитети, вклучително и Саемот за кариера – настан кој е препознатлив кај јавноста како алатка за намалување на младинската невработеност, во служба на Битола Старт-ап центарот., рече Сашо Додовски, директор на МКЦ-Битола
Стартап Центар е дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.