СО ЧИСТИ ЧЕВЛИ ДО ДОМОВИТЕ
Жителите од трите краци на улицата „16-та“ во Битола со чисти чевли ќе стигнуваат до своите домови, особено сега кога есента е дождлива, а на прагот е и зимата.
По асфалтирањето на првиот дел од улицата „16-та“чија вредност изнесуваше околу 1,5 милиони денари, сега битолското претпријатие „Нискоградба“ пристапи кон поплочување на трите краци со бехатон плочки, чија вредноста на зафатот е близу 1,8 милиони денари.
Жители од оваа населба изразија благодарност за ангажманот и комплетирањето на инфраструктурата.
Како се одвиваат работите увид направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со претставници од општинската администрација.
