2win800x200

Руската пијанистка Гамазда вечерва со концерт во Битола

Декември 01, 2025

Со концерт на пијанистката Гамазда од Русија, вечер во Битола завршува 17. издание на фестивалот „Музија од светот“.

Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека светски познатата пијанистка и YouTube сензација Гамазда, својот уникатен стил и виртуозна интерпретација ќе ги презентира пред битолската публика. 

-Уметницата Гамазда изгради импресивна меѓународна кариера благодарение на својот препознатлив стил, динамична, енергична и технички беспрекорна интерпретација на култни песни од бендови и изведувачи кои го обликувале модерниот музички свет. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а нејзиното име е синоним за свеж, автентичен и модерен пристап кон рок музиката на пијано. Преку своите настапи, Гамазда успева да внесе нов живот во легендарни композиции, претворајќи ги во пијано изведби полни со емоција, енергија и раскошна музичка техника. Затоа денес се смета за една од највпечатливите и најследени музички уметници на дигиталната сцена, најавија од НУ Центар за култура во пресрет на вечерашниот завршен концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола.

589808790 1263019495858247 6592183910391616274 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани