2win800x200

ИНТЕРАКТИВ-Битола: Во Битола не се утврдени злоупотреби на административни ресурси за време на изборната кампања за Локалните избори 2025 година

Декември 01, 2025

Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола, во рамки на изборниот мониторинг спроведен од 15 септември до 19 октомври, објави дека во текот на кампањата на локално ниво не биле регистрирани сериозни случаи на злоупотреба на административни ресурси.

Според извештајот, политичката трка во Битола се водела во динамична и конкурентна атмосфера, со активни кампањи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но без видливи прекршувања во делот на користење јавни ресурси за политички цели. Не биле забележани случаи на користење службени возила, вклучување јавни службеници во партиски активности за време на работното време, ниту отворање инфраструктурни проекти со изборни мотиви.

Иако дел од партиските настани биле организирани во или во близина на јавни објекти, нема индиции дека пристапот бил селективен или привилегиран. Функционерите што присуствувале на митинзи најчесто се појавувале во својство на партиски претставници или приватни лица, без службени обележја.

Општинската администрација, стои во извештајот, професионално ги извршувала своите надлежности, а комуникацијата на општината на социјалните мрежи останала во рамки на редовни административни информации.

Мониторингот е дел од поширока иницијатива за следење на евентуална злоупотреба на административни ресурси во изборните процеси на локално и национално ниво. Проектот се спроведува од повеќе граѓански организации низ државата, со цел да се обезбеди транспарентност, одговорност и интегритет во изборната трка.

Овој мониторинг е поддржан од ИФЕС (Меѓународна фондација за изборни системи), меѓународна организација која повеќе од три децении работи на унапредување на демократските процеси ширум светот. ИФЕС соработува со институциите, Државната изборна комисија и граѓански организации во Северна Македонија за јакнење на изборната администрација, промовирање фер изборни практики и спречување злоупотреба на јавни ресурси.

Линк од прелиминарниот извештај од спроведениот мониторинг.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани