АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар ги посети планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кои на Копанки со сопствени средства и донации од граѓани го обновуваат планинарскиот дом на Пелистер што изгоре пред пет и пол години, а беше култно место за собирање на битолчани.
Жбогар ја погледна изложбата со постори што ја подготвија планинарите и ја прикачија за потпорите од објектот што се обновува. На тој начин евроамбасадорот го запознаа со историјата на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и со акцијата за санација на домот што започна од јуни насловена какo „Копанки за сите и сите за Копанки“. Бидејќи на местото се изведуваат градежни работи, планинарите на високиот дипломат му дадоа шлем за главата и маичка со амблемот на друштвото, кои тој ги стави на себе. Со ракавици на рацете Жбогар се вклучи и во дел од градежните работи што се одвиваат на теран.
На Копанки денес е и Емануел Рембер директор на Францускиот институт кој во јуни учествуваше во патувањето со мазгга и магаре по врвиците на Македонскиот фронт, како и претставници од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
Планинарското друштво потпомогнато од други љубители на планината и волонтери успеа да го расчисти местото каде изгоре домот, да постави врзни греди, столбови, да шелова, а за утре планираат да ја стават и првата бетонска плоча во старата сала.