АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ротари клубот „Битола Широк Сокак„ во соработа со јазичното студио „Лингва“, преку настанот „Цртежи на мирот“ го одбележа Меѓународниот ден на мирот 21-ви Септември. Станува збор за настан кој се организира традиционално, секоја година.
- Идејата е преку детските цртежи да се промовира мирот во негова поширока димензија, да нема војни, конфликти, нетрпеливост и омраза. Мир во секојдневниот живот, мир со нашите пријатели, роднини, нашите колеги, соседи, мир со припадниците на другите националности и етнички групи, мир кој секој од нас треба да го најде во себе си, велат организаторите.
Оваа иницијатива Ротари клубот Битола Широк Сокак ја реализира и во координација со Ротари клубот од Clearwater Beach од САД.