АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Третиот мастерс од вкупно предвидените седум од Првенството на Македонија во Американски пул билјард се играше 14 1 или во светот позната уште и како straight pool billiard. Турнирот за А дивизија или прва лига се одржа во Гран клуб Скопје на десети април. Се работи за најстарата игра од пул игрите која што како повторно да зема замав и се повеќе добива на популарност. Игра која навидум е лесна, но се работи за многу интересна и игра која бара и стрпливост и итрина и држење фокус на подолг период. Игра со многу замки и каде послабиот играч скоро и да нема шанси.
Како што е познато во А дивизијата битолчани настапија со четворица натпреварувачи од вкупно 16 кои се фиксни за оваа година. Последните четворица испаѓаат, а нашите играчи се во безбедна зона. Илче Трајковски го освои трет пад по ред 5 место исто како и младата битолска надеж Христо Василевски. Најуспешен беше Тино Бојаџиев освојувајќи го второто место и само ја потврдува високата класа која ја покажа на минатиот турнир кога сите почести беа за него. Особено беше фуриозен во полуфиналето кое го заврши скоро без грешка. Со освоените бодови е само 70 бода за водечкиот во Генерален пласман. Судии на сите турнири се битолчаните Горан Петровски Сајкал и Горан Думевски Панчо..