2win800x200

Потреба од современа депонија има, но потребни се и гаранции за нејзиното работење! (став на проф. - Мите Ристов)

Март 10, 2025
Мите Ристов - Геосфера Мите Ристов - Геосфера

Професорот Мите Ристов, претседател на Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, искажа јавен став по однос на актуелното прашање кое ги засегна битолчани и жителите од регионот околу изградба на капацитет - регионална депонија во Пелагонија и нејзиното функционирање. 

 

- Потребата од изградба на депонија по сите светски стандарди е повеќе од потребна. Со години наназад, постоечкото ѓубриште кај Мегленци интензивно ја загадува животната средина. Аерозагадување, загадување на подземните води и почвата. Одбраната локација во поранешниот јагленокоп на „Суводол“ е соодветна за Пелагонискиот регион. Просторот е целосно деградиран после завршувањето на експлоатацијата на јагленот и може соодветно да се адаптира за ваков капацитет. Доколку се изгради по сите стандарди, регионалната депонија ќе биде повеќе од депонија. Ќе се врши селекција на отпад и негова подготовка за рециклирање, а ќе ги поттикне и општините од регионот да вршат примарна селекција на отпадот.

Од друга страна, реакциите на граѓаните се оправдани, бидејќи минатото не научи дека не треба да им веруваме на политичарите и воопшто на институциите. Тие многупати ги разочарале граѓаните. Во моменти кога треба да се поддржат одлуки кои се во насока на зачувување на животната средина, оправдана е скептичната реакција на граѓаните.

Всушност до овој проблем дојде токму поради недоволната информираност на граѓаните за потребата од регионална депонија и за начинот на нејзиното функционирање.

Ниту еден граѓанин не рече дека е против стандардна депонија!

Сите се скептични дека истата вистински ќе функционира, за на крај да се давиме, не само во нашето ѓубре, туку и во ѓубрето од сите општини на двата региони. Затоа, она што треба сега да го направи општина Битола е да даде целосно објаснување за сите фази во процесот кој ќе следи и заедно со Владата да дадат соодветни гаранции дека регионалната депонија навистина ќе функционира, смета професорот Мите Ристов 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани