АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извршниот одбор на Здужението на пензионери на Битола под претседателство на Томе Димитровски, согласно програмата за оваа година, со донаторски акции да помага специјализирани медицински установи, на својата последна седница одлучи повторно да го помогне Домот за стари лица „Сју Рајдер“, а ја прифати и поканата за склучување на меморандум за соработка со Здуужението на пензионери од општина Ѓорче Петров. Во врска со извештајот за финансиската работа во минатата година и извршениот попис се произнесе Валентина Станојовска, а истиот беше прифатен со нагласок и натаму да се продолжи со економично работење и трошење на средствата само за потребите на пензионерите.
На седницата беше информирано дека и годинава Здужението на пензионери од Македонски шуми ќе бара да им бидат доделени 8 000 кубици дрва, а по нивната одлука ќе се започне со запишување на пензионерите за огревно дрво за сезоната 2020/2021.
Здружението на пезнионери од Битола заедно со Здружението на инвалитски пензионери и инвалиди на трудот од Битола почна со реконструкција на влезните скали кон Здруженијата кои беа руинирани. Сега се става и пристапна рампа за употреба од страна на лицата со посебни потреби. За изведување на работата беа добиени пет понуди, а според најповолна цена од страна на комисијата беше прифатена фирмата „Евро инженеринг“ од Битола. Согласно договорот со изведувачот, реконструктивните работи треба да завршат за еден месец.
Членовите на Здружението на пензионери од Битола беа меѓу најуспешните натпреварувачи на Регионалните спортски игри што викендов се одржаа во Крушево под покровителство на Сојузот на пензионери на државата. На Регионалните пензионерки спортски игри учествуваа претставници на здурженијата од повеќе градови. Се натпреваруваа во повеќе дисциплини и тоа, шах, домино, пикадо, влечење јаже, кошарка и друго, со што покажаа дека иако пензионери сепак се уште се витални и добро ги служи здравјето.
Покрај натпреаврувачкиот дух, игрите послужија и за ширење на пријателството. Победниците добија благодарници и пласман на Државните пензионерски спортски игри што ќе се одржат на есен.
По повод 7 април- Денот на здравството, претставници на Здружението на пезнионерите од Битола ја посетија Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ и на Интерното одделение му дадоа донација во постелини.
Како што соопштија од Здружението на пензионери, во разговорот со директорот на Болницата Зоран Лазаров се договориле за понатамошна помош во донации, како и за проширување на сорабтката што ја имаат воспоставено. Здружението на пезнионери од Битола и пред извесно време имаше организирано исто така донација за Битолската болница.
Министерката за одбрана и заменик претседател на Владата, Радмила Шекеринска, беше во работна посета на Здружението на пензионери од Битола. На средбата се разговараше за теми актуелни за пензионерите, а присутните имаа можност да ѝ поставуваат и прашања.
Како што информира претседателот на Здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски, средбата протече во најдобар можен ред и пензионерите беа задоволни од дговорите што ги добија од Шекеринска на поставените прашања.