Жители од Брусничка населба со јавна благодарност до Интерворкс за уреденото спортското игралиште

Ноември 09, 2022

Жителите на Месната заедница Јонче Мурџевски во Брусничка населба испратија јавна благодарност до компанијата Интерворкс која го уредува спортското игралиште во населбата. 

 
Според нив, Интерворкс е пример за одговорна компанија која вложува во заедницата каде што работи. Откако седиштето на оваа компанија се пресели во Брусничка населба, веднаш се започна со уредување на спортското игралиште кое со години беше запоставено. Велат дека ниту една локална самоуправа, па ниту актуелната, досега немала желба да го санира игралиштето. Затоа, жителите на Брусничка населба и Месната заедница Јонче Мурџевски се благодарни на компанијата Интерворкс и ги повикуваат сите други компании да го следат нејзиниот пример.

 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани