×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ковачевски: Пораката од ЕУ е дека пристапниот процес ќе запре ако не поминат уставните измени, додека другите земји напредуваат

Јули 26, 2023

„Од ЕУ, пораките се дека пристапниот процес за Северна Македонија ќе запре, ако уставните измени не поминат и дека другите земји ќе одат напред во проширувањето, а нашето членство во Унијата ќе биде одложено“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање пред Комисијата за уставни прашања во Собранието.

Тој додаде дека имаме недвосмислена поддршка од нашиот стратешки партнер САД за членството во ЕУ и тие испраќаат порака дека сите ги држат за збор и во земјава и во регионот, бидејќи сакаат да ја видат оваа држава како се движи напред во европската интеграција.

„Но тука е и укажувањето дека ако Северна Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против уставните измени, ако се тргне од патот од ЕУ, тоа ќе биде многу загрижувачки чекор за членките на НАТО и ќе има влијание врз односите со САД“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека по подолго време политиките од изминатиот период овозможија на Северна Македонија да се гледа како земја-фактор на ставбилнсота во регионот и Европа.

„Овој актуелен контекст од нас бара зрелост и одговорни одлуки. Ниту една земја не може сама да напредува. И сите сме свесни, се надевам, колку е важна за нашиот развој искрената поддршка од нашите стратешки партнери. Од сите зависи дали граѓаните ќе имаат европски услови за живот и европски животен стандард“ рече премиерот Ковачевски во обраќањето до пратениците.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани