Соопштение на Општина Битола: Иднината на Битола е во квалитетни проекти за граѓаните

Август 21, 2023
Велосипедските патеки, како реална иднина на Битола за која што денес објавивме, ќе бидат дел од проектот Smart4You2.
 
Првичниот проект, за кој беше аплицирано на третиот повик за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија од ИПА 2 програмата 2018-2020 за прекугранична соработка на двете земји, се однесуваше на реконструкција на објектот на поранешниот ресторан Парк, лоциран во кругот на Офицерскиот дом.
 
Врз основа на проектот за реконструкција на објектот на поранешниот ресторан Парк, со која што е добиена поголема корисна површина од постоечката, како и зголемените цени по пандемијата со Ковид-19, зголемена е и вредноста на проектот за реконструкција, која што речиси е двојно поголема од предвидената. Со цел да не се зголеми вредноста за кофинансирање од буџетот на општина Битола како носител на проектот за многу поголема сума, како и на партнерите во проектот од македонска и од албанска страна, беше побарана пренамена на средствата од страна на Делегацијата на ЕУ во Македонија, по што беше одобрена пренамена на средствата за реконструкција на постоечките тротоари на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, со изградба на велосипедски патеки.
 
Одделението за економски развој во општината, подготвува проектни програми, но никако не гради и не троши 500.000 евра за велосипедски патеки. Предвидените средства за ова одделение се изгласани од страна на Советот на општина Битола и објавени во Службен гласник.
 
Почитувани, градоначалникот ги потпишува и ги спроведува одлуките на Советот на општина Битола, во интерес на граѓаните. На Битола и требаат разумни проекти, изгласани од мнозинството на советници, кои што ќе го препознаат квалитетот на проектите, во интерес на граѓаните на општина Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани