AKTO 18 фестивал за современи уметности: „Јавни прстори во движење (кон)“

Август 27, 2023

АКТО во 2021, 2022 и 2023 година се обидува да исцрта проширено поле на тоа што е „фестивал“. Тој се движи меѓу медиуми и формати што не се генерално поврзани со познатата фестивалска структура.

Годинешното издание на овој фестивал „АКТО 18“ се надоврзува на истражувањата од претходните две изданија во 2021 и во 2022 година, кои ја истражуваа темата „Современи (не)демократии“ во обид на согледување на процесите на приватизација, отуѓување, бришење и ревизија на историјата, кои водат кон разорување на јавното, оневозможувајќи го заедничкото, но и да ги поттикне процесите на грижа.

Во 2023 година преку тематиката – јавните простори во движење – АКТО презентира неколку практики што замислуваат ослободен простор, дури и привремено, за оспорување на постојните наративи преку соработка кон кревање на гласот со игнорираните, запоставените, замолчените, незапаметените, испуштените, маргинализираните во рамките на постојната хегемонија

Од организација на Акто велат: „АКТО 18 или „Јавни простори во движење кон“ веќе се отвори со изложбата „Прекаријатот има шанса“ во Галеријата „Структура“ во Софија, која направи пресек на некои од најактуелните уметници во земјава, претставувајќи 18 дела од 20 уметници. Потоа, во текот на годината ќе прослави повеќе проекти што имаат свои тековни активности во неколку години и кои застапуваат своевидни интервентни модели во функционирачкиот систем“.

Како еден вовед пред официјалната програма, тие потенцираат дека АКТО 18 ќе го прослави заедно со наградата ДЕНЕС. Нејзиното 20-годишно постоење, ќе ја отвори Лабораторијата за просторно-изведувачки интердисциплинарни практики – Градот како сцена и ќе ја продолжи соработката со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани