АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во населбата Кланица, непосредно до улицата Македонски гемиџии, започнаа подготвителните работи за изградба на кракот од топловодната мрежа кој се протега кон улицата Партизанска.
На оваа локација каде поминуваат цевките од топловодот отстранети се дрвја и нискостеблести грмушки бидејќи не постоеше никаква друга можност за изведување на работите. Дислоцирање на дрвјата со помош на специјализирана машина не беше возможно заради што интервенцијата беше изведена во соработка со ЈП Комуналец. Од Општина Битола добиено е одобрение за расчистување на трасата.
По завршување на градежните работи, ЕСМ Топлификација ќе засади по три нови дрвја за секое едно отстрането, а во соработка со општината ќе биде реализирана и акција за засадување на нови садници на локации одредени од општинските надлежни служби.