Здружението на пензионери ќе доделува ваучери од по 1000 денари на 1000 пензионери

Декември 18, 2023

По повод Новогодишните празници Здружението на Пензионери-Битола ќе доделува ваучери  на 1000 пензионери по 1000,00 денари на членовите – пензионери на општините Битола, Новаци и Могила со ниски пензии.

Запишуањето ќе се врши на 20,21 и 22. 12.2023 год. (среда, четврток и петок) од 9:00 до 13:00 часот во просториите на Здружението.

Согласно Правилата за доделување на хуманитарна помош на пензионери со ниски примања во семејството и одлуката на Извршниот одбор на Здружението, право на запишување ќе имаат пензионери по следните услови

  1. Пензионери поединци со пензија до 14.000,00 ден.
  2. Доколку во семејството се два или повеке пензионери на иста адреса право на запишување има еден пензионер со најниска пензија до 14.000,00.

      3. Ако пензионерот покрај редовната пензијата има пензија од странство или друг приход која го надминува лимитот од 14.000,00 ден, нема да има право на запишување.

  1. Задолжително носење на талон од пензија (чек) од банка од која ја подигнува пензијата за месец октомври или ноември 2023 година.

Предност ќе имаат пензионери кој досега немаат искоритено претходно ваква помош.

Запишувањето ќе се врши по редослед на доаѓањето, односно  „прв дојден-прв запишан“, до пополнување на бројот на ваучери. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани