×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СДСМ го ажурира членството

Јануари 20, 2021

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија започна постапка за ажурирање на членството и регистрација на секој член. Постапката, според утврдена процедура ќе се спроведува до 25 февруари. Во овој период претставници на сите месни одбори на партијата, ќе го контактираат секој наш член, соопшти Невена Димовска, портпарол на СДСМ во Битола.     

„Секако, добредојдени во партиските простории, секој работен ден претпладне и попладне, се и сите граѓани кои сакаат да бидат дел од СДСМ и да се зачленат во владеачката партија. Овој современ процес ќе биде заокружен со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Тоа е уште еден пионерски чекор на СДСМ во политичкото живеење во земјава, чекор со кој партијата уште повеќе се демократизира и модернизира со единствена цел – подобро да им служиме на граѓаните.

Ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел на новиот исчекор кој го прави СДСМ и треба да биде крунисан со непосредниот избор на партиски претседател. Како што веќе најавивме, оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори. Тоа за прв пат се случува во нашата татковина и тоа го прави СДСМ, на што сме особено горди. Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас“, рече Димовска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани