АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во Битола е подготвена за првите директни, непосредни, внатрепартиски избори за претседател на СДСМ кои ќе се одржат в недела, на 21 март.
Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19, а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.
Во Битола, од над 6.000 ажурирани членови на СДСМ, правото да гласаат го избрале 5.222 социјалдемократи. Ќе се гласа во 17 избирачки места кои ќе бидат отворени од 8:00 до 19 часот.
Членовите што ќе гласаат, со себе задолжително треба да ја имаат електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација - лична карта или пасош.
Со организација на првите внатрепартиски, непосредни избори за претседател, СДСМ поставува нови демократски стандарди во политичкото дејствување. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната и најмодерната партија – СДСМ.
На 21 март, в недела, гласаме за новата политика на СДСМ. Политика со која секој од нас ќе може да даде и повеќе и подобро“, информираше портпаролката на СДСМ Битола, Невена Димовска.