×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Здружението на пензионери од Битола во 2020 работело домаќински, Извршниот одбор го прифати предлог извештајот за работа

Февруари 19, 2021

 

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола на денешната 28 седница по ред го прифати предлог извештајот за работата во минатата година оценувајќи дека истиот е одраз на севкупните ангажирања на членовите на оваа организација согласно мерките за нивна поуспешна заштита поради пандемијата во државата.

Низ дискусијата беше отценето дека во 2020 се работело домаќински, а одредени средства се доделени во хуманитарни цели на лица со посебни потреби и медицински установи.

На одреден број на пензионери им се доделени средства за подмирување на трошоците околу операции и лекување. Поради пандемијата ланската година неколку планирани манифестации на пензионерите не се одржаа што не значи дека годинава истите нема да се одржат доколку се укинат пропишаните здравствени мерки.

На седницата референтот на Здружението Валентина Станојовска поднесувајќи го финансовиот извештај рече дека не се направени никакави непотребни финансиски давачки, а информираше дека средствата за автобускиот превоз од 50 насто за пензионерите во почeтокот на годината ги спроведуваа 8 превозни организации од градот, а подоцна некои од нив ги прекинаа заради што пензионерите беа приморани да плаќаат целосен возен билет.

Во врска со огревното дрво на битолското здружение им се доделени 6 илјади просторни метра бука и 2 илјади просторни метра даб, чие запишување е во тек.

Членовите на ИО на Здружението на пензионери пројавија интерес за масовно вакцинирање од ковид 19, а се донесе одлука и за аплицирање на конкурост објавен од општина Битола во програмата за социјална заштита. За наменско користење на овие средства доколку бидат добиени свое излагање имаше Даница Петличкова.

гба 2

гба 3

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани