Дигитално описменување на пензионери од Битола

Ноември 21, 2023

Здружението на пензионери Битола во август склучи Меморандум за соработка со Здружение на професионални консултанти „Подготвеност за Европа“ - Скопје, каде се утврдија активностите  што треба да се остварат во проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“. Проектот го спроведуваат Здружението  „Подготвеност за Европа“ во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, а финансиски поддржан од Европска Унија.

Целна група беа 30 пензионери, кои со назначен ментор два пати во неделата  во траење од 2 часа во просториите на ЗП Битола, два месеци, беа дигитално  описменети, согласно Програмата за дигитално описменување на стари лица и модулите за сајбер безбедност.

Проектот беше реализиран во целост, пензионерите стекнаа знаење на различни теми поврзани со основни дигитални вештини, користење на достапни апликации од нивен интерес, како и теми поврзани со сигурно и безбедно користење на интернет услугите.

Завршна заедничка средба се одржа на 16.11.2023 год.  на која на сите учесници им беа доделени сертификати за активно учество на работилниците и стекнување основни дигитални вештини и безбедно присуство на интернет во рамките на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“ спроведен во периодот од октомври до ноември 2023 год.     

404129044 886972582938494 203484276390607103 n

403849939 334220759442210 5180955956244582769 n

 

387332436 1027216985150706 3398767220864209900 n

387633721 1048084253179038 6499281038713438777 n

403849939 899357358192234 9034011226092796126 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани